Мбапе: Освен Пеле, само уште еден фудбалер ме има импресионирано

Еден од најдобрите млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе не крие дека Пеле му е омилениот фудбалер. Сепак, освен него Французинот има уште еден фудбалер од кого бил импресиониран. Станува збор за тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Поранешниот фудбалер токму на Реал Мадрид, но и на Јувентус и Бордо имаше легендарни сезони во минатото, а незаборавни беа неговите игри и во француската репрезентација. 

„Единствен фудблаер кој ме има импресионирано како Пеле, е Зидан“, изјави Мбапе.

И Зидан не крие дека е импресиониран од крилниот фудбалер на ПСЖ, а дали ова нивно „флертување“ ќе заврши со транфер, останува да видиме.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .