Килијан Мбапе беше трагичарот во синоќешниот пораз на пенали на Франција од селекцијата на Швајцарија во осминафиналето на ЕВРО 2020. Фудбалерот на ПСЖ веднаш после натпреварот им се извини на Французите за промашениот пенал.
„Жал ми е поради пеналот. Сакав да и помогнам на екипата, но не успеав. Сега ќе биде тешко да се заспие. За жал, вакви работи се случуваат во спортот кој толку го сакам. Навивачи, знам дека сте разочарани, но сакам да ви се заблагодарам на поддршката и на тоа што се секогаш верувавте во нас“, напиша Мбапе.