Мбапе го освои Минхен, Баерн поразен од ПСЖ (ВИДЕО)

Францускиот првак ПСЖ на крилјата на Килијан Мбапе стигна до голема победа во Минхен кај германскиот тешкаш Баерн во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите (2-3).

Во репризата на минатогодишното финале, Баерн беше и тоа како подобар, меѓутоа Баварците не ги искористија шансите, а беа казнети од неверојатниот Мбапе кој постигна два погодоци. Гол даде и капитенот Маркињос, додека за Баерн стрелаа Чупо Мотинг и Милер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .