Еден од најдобрите во историјата: Мајсторот Модриќ ја носи Хрватска во осминафинале! (ВИДЕО)

Лука Модриќ! Мајсторот на хрватскиот фудбал и еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на оваа игра уште еднаш докажа за каков виртуоз станува збор!

Фудбалерот на мадридски Реал вечерва одигра симултантка, поигрувајќи си со шкотските репрезентативци кои на својот „Хемпден парк“ не можеа да се справат со капитенот на „коцкестите“ и загубија со 3-1, што значеше елиминација за Шкотланѓаните, а пласман во следната фаза за Хрватска.

Модриќ со ремек – дело погодокот во 62. минута ги донесе Хрватите во водство за 2-1, а петнаесетина минути подоцна му асистираше на Перишиќ за конечни 3-1. Претходно Хрватска поведе преку Влашиќ, додека Шкотска израмни со голот на Мекгрегор, прв за нив на ЕВРО 2020.

Првата позиција во групата „Д“ во директниот судир ја освои Англија која на „Вембли“ ја сруши Чешка минимално со голот на Рахим Стерлинг и ја испрати на третата позиција, па Англија е прва со седум бодови, четири има втората Хрватска, колку што има и третата Чешка која има послаба гол – разлика, а со еден бод на дното е Шкотска.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .