Лотар Матеус ја заврши тренерската кариера

Некогаш најдобриот фудбалер на светот, Лотар Матеус ја заврши тренерската кариера. Тој најголемиот успех како тренер го имаше на клупата на белградски Партизан кога во 2003 година го однесе во ЛШ.

Последниот ангажман го имаше во 2012 година како селектор на Бугарија, која не успеа да ја однесе на ЕП во Украина и Полска.

„Одбив неколку понуди, некои не беа добри. Имав убава авантура како тренер. Криво ми е што не бев тренер во Бундеслигата, но не жалам премногу“, изјави Матеус.

Германецот моментално е стручен консултант на телевизијата Скај, а во минатото беше тренер на Рапид Виена, Атлетико Параненсе, Ред Бул Салзбург, Макаби Нетања, а селектор беше и на Унгарија.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .