Дени Масев: Сега е наше време, време кога треба сите да застанеме позади репрезентацијата!

Директорот на фудбалската репрезентација на Македонија, Дени Масев во ексклузивна изјава за Clicksport.mk побара поддршка за играчите и стручниот штаб пред историскиот настап на ЕВРО 2020.

Масев изјави дека сега, кога е направен најголемиот успех во историјата на фудбалот во Македонија е вистинско време сите да застанат зад Пандев и соиграчите.

„Сега е наше време. Време кога треба сите заедно да застанеме зад репрезентацијата. Го направивме најважниот успех во историјата, но нашите желби и планови не застануваат тука. Стоиме црврсто на земја“, кажа Масев.

Масев исто така изрази надеж дека ќе успееме да се пласираме во осминафиналето и така да направиме уште поголем успех.

„Имаме одлични поединци кои можат со еден потег да го решат натпреварот против било која репрезентација. Оваа репрезентација ја краси заедништвото, тимскиот дух и тука сите сме најслини. Сметам дека токму овој момент ќе ни донесе резултат кој ќе не одведе во осминфинале и ќе донесе нови радости за македонската нација.“

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .