Светскиот првак Франција со победа „се пријави“ на ЕВРО 2020. „Триколорите“ стигнаа до големи три бода во дербито против Германија одиграно во Минхен (1-0), па така после првото коло во „групата на смртта“ го делат првото место со Португалија која претходно ја сруши Унгарија.
Момците на Дидиер Дешан заслужено стигнаа до победата, а имаа статива и два поништени погодоци. Единствениот погодок падна во 20. минута кога Матс Хумелс си постигна автогол.