Маркез после девет месеци се враќа на стазите

Познатиот Мото ЏП возач, Марк Маркез се враќа на трките после девет месеци откако се опорави тешката повреда на надлактицата.

Очекувањата беа дека брзо ќе се врати на стазата, меѓутоа рехабилитацијата се закомплицира и неколку пати мораше да изврши оперативен зафат. Меѓутоа, денес Маркез ги воодушеви фановите и потврди дека се враќа на стазите.

„Многу сум среќен. Синоќа ги посетив докторите кои ми дадоа зелено светло да се вратам на стазата. Ова беа тешки девет месеци и сега сум среќен што можам да уживам во тоа што најмногу го сакам. Се гледаме следната недела во Портимау“, напиша Маркез на социјалните мрежи.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.