Марио Ѓуровски стана тренер на Мунагтонг јунајтед

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски е нов тренер на тајландскиот Муангтонг јунајтед.

Ѓуровски по завршувањето на фудбалската кариера се посвети на тренерската работа, а искуството го стекна како тренер на младите категории на Мунагтонг јунајтед.

Марио е вистинска легенда на овој клуб, дрес чиј го носеше од 2012 до 2015 година и на 12 меч постигна 59 голови, а беше прогласен и за најдобар играч на тајландската лига.

Тој доаѓа на местото на бразилскиот тренер Александро Гама, кој доби отказ поради слабите резултати. Мунагтонг јунајтед после 10 кола се наоѓа на 11. позиција на табелата со само 10 освоени бода.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .