Марез: Можевме подобро против ПСЖ

Ријад Марез беше незадржлив во полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против францускиот првак ПСЖ. Крилниот напаѓач во двата натпревари вкупно постигна три голови, а по вчерашниот меч изјави дека можеле да одиграат подобар натпревар против „светците“.

„Не можам да кажам дека првото полувреме беше добро за нас, иако постигнавме погодок, кој ни ги олесни работите. Второто полувреме бевме подобри, но имам впечаток дека можевме да дадеме повеќе. После црвениот картон на ПСЖ, ни беше полесно. Планот не беше да играме во контранапад, но мораа да не нападнат и така се постигнавме два гола“, изјави Марез.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .