Марез го реши ПСЖ на „Етихад“: Манчестер сити за прв пат во историјата ќе игра финале на ЛШ! (ВИДЕО)

Вечерашниот датум со златни букви ќе остане запишан во историјата на Манчестер сити. „Граѓаните“ со победата од 2-0 (вкупен резултат 4-1) го елиминираа ПСЖ во полуфиналето и за прв пат во историјата ќе играат во финалето од Лигата на шампионите.

Ријад Марез беше апсолутен херој во двомечот против „светците“. Алжирецот вечерва ги постигна двата погодоци, за вкупо три во двомечот. Сити во финалето ќе го чека подобриот од Челси – Реал Мадрид (1-1), меч кој се игра утре.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .