Марадона ја прекршил изолацијата: Дошол на стадион во лоша состојба, па одвај го натерале да си замине…

Големиот Диего Армандо Марадона во петокот го прослави 60. роденден и требаше да биде во изолација откако еден од неговите телохранители беше заразен со корона – вирус.

Меѓутоа, легендарниот „Ел Пибе“ неочекувано се појави на мечот на Химнасија од Ла Плата каде што е тренер и која играше против Патронато. Заедно со телохранителите се најде на трибините каде остана само неколку минути.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека изгледал лошо. Марадона инаку е во ризичната група, затоа што има преживеано два срцеви удари и хапититс, а имаше проблеми и со прекумерната тежина…

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .