Манџукиќ останува во Торино

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ го продолжи договорот со Јувентус до јуни 2021. година. Со оглед на фактот дека напаѓачот има 34 години, не би било изненадување да ја заврши кариерата во дресот на најтрофејниот италијански клуб.

Договорот помеѓу двете страни бил постигнат уште претходниот месец, а се официјализираше денеска. Манџукиќ минатото лето се закити со сребрениот медал на СП во Русија, со репрезентацијата на Хрватска, по што се прости од „коцкестиот“ дрес. Хрватот е мајстор за големи натпревари, а тоа го докажа сезонава во која постигна осум погодоци, од кој два се против Наполи и по еден против Рома, Лацио, Интер и Милан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .