Манчини го советува Кеан: Промени го клубот или ништо од ЕП…

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини го советуваше младиот напаѓач Моисе Кеан да го промени клубот ако сака да настапи на престојното ЕП.

Кеан минатото лето направи трансфер, па така дресот на Јувентус го замени со тој на Евертон. Сепак, не се снајде во редовите на „карамелите“ и по се изгледа ќе си замине во зимскиот преоден рок.

„Се надевам дека тој ќе пронајде нов клуб во кој ќе има поголема минутажа. Ако успее во тоа, тогаш ќе оди на ЕП. Значи се зависи од него и од тоа што ќе направи од сега па до мај“, изјави Манчини.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .