Манчестер сити подготвува неверојатна понуда за Хари Кејн!

Англискиот репрезентативец кој тешко дека ќе стартува за Тотенхем во првиот натпревар од Премиер лигата токму против „граѓаните“, сака да си оди од „Вајт Харт Лејн“ во летниот преоден рок.

Според новинарот специјализиран за трансфер случувањата, Сити подготвува понуда од 150 милиони евра за услугите на Хари Кејн.

Во понудата на англискиот шампион ќе бидат вклучени и бонуси, па трансферот доколку истите се исполнат би изнесувал и повеќе од 150 милиони евра.

Од Тотенхем се надеваат дека ќе го убедат Кејн да остане, меѓутоа доколку играчот притиска за трансфер, понудата на Манчестер Сити која и тоа како е добра сигурно ќе биде прифатена.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .