Прва изјава на Мамиќ откако загребачки Динамо се падна со Црвена звезда

Како “бомба“ одекна веста, во понеделникот накаде после 12 часот. Во плејофот во Лигата на Шампионите, можно е да има двомеч меѓу Ц. Звезда и Динамо Загреб. Јасно е дека прво треба и двете екипи во 3. квалификациско коло да ги минат Шериф и Легија Варшава, но сега се е во знакот на тој можен дуел. Ако се случи тоа тогаш јасно е дека ќе “гори“ Балканот.

Се дадоа многу изјави, а свој коментар за овој можен двомеч од БИХ даде и Здравко Мамиќ, неформално првиот човек на Динамо, кој не крие дека има симпатии и кон Ц. Звезда.

„Искрено не ја сакав Ц. Звезда за можен ривал, сега ќе мора да ја победам. Видете, рано е уште, и двете екипи имаат силни ривали во третата рунда. Нека поминат па после ќе разговараме подетално. Јас би посакувал и на двете средби, ако веќе се играат, да бидеме цивилизирани. Надвор од теренот да се дружиме, но на него да бидеме големи ривали“ им изјави Мамиќ на српските медиуми.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .