Македонската ракометна репрезентација има нов директор

По заминувањето на Милчо Чакаревски, кој минатиот месец си замина од функцијата директор, РФМ ја пронајде неговата замена. Долгогодишниот ракометен судија Димитар Митревски е именуван за нов директор. Неговиот мандат ќе биде до крајот на европскиот шампионат.

„Сакам да му се заблагодарам на Чакаревски на добрата соработка во изминатиот период. Сепак, сега е време за промени. Мој предлог за функцијата директор е Димитар Митревски, долгогодишен судија кој е добро запознаен со случувањата во нашиот ракомет и во репрезентацијата“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .