МАКЕДОНИЈА СО МЕДАЛ ОД ТОКИО: Георгиевски во ФИНАЛЕТО на ОИ!

Македонија после 21 година пауза ќе се закити со медал од едни Олимписки игри! Дејан Георгиевски, претставникот на нашата земја во таеквондо успеа да слави и во полуфиналето, каде што со 12-6 го совлада Кореецот Ин и така се пласираше во финалето.

Пласманот во финалето значи најмалку сребрен медал за Георгиевски, кој во истото ќе се бори со Русинот Владислав Ларин, кој важи за најголем фаворит за освојување на златниот медал.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.