Ракометната репрезентација на Македонија стигна до четвртата победа во квалификациите за пласман на ЕП 2022, откако потешко од очекувањата на гостински терен ја совладаа селекцијата на Финска (22-27).
Кирил Лазаров и Филип Кузмановски беа први стрелци со по пет постигнати погодоци, додека еден помалку имаше Гоце Георгиевски, а Талески и Стоилов постигнаа по два.