Македонија одлична, Словенија се спаси со гол во 97. минута! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска на арената „Тодор Проески“ пред 10.000 одигра нерешено против селекцијата на Словенија (1-1).

Избраниците на Игор Ангеловски имаат за што да жалат. Во првиот натпревар пред публика после двегодишна пауза, Македонија покажа зрелост, а Словенците се спасија со голот во 97. минута кога израмнија преку Црнигој.

Претходно, Елиф Елмас со мајсторскиот погодок во 55. минута не донесе до водство, но тоа не беше доволно за победа. Следниот пријателски натпревар Македонија го игра во петок против Казакстан.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.