Македонија минимално поразена од Австрија

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија во Виена на последното гостување од квалификациите за ЕП 2020 (1-2). Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба во 8. минута и Штефан Лајнер во 48. минута беа стрелци за Австријците, а за нашата репрезентација погодок постигна Влатко Стојановски во 93. минута.

Австријците со победата и дефинитивно се пласираа на ЕП 2020, а нашата репрезентација ја продолжува борбата за третото место. Селекторот Ангеловски се одлучи за видно подмладен тим. На овој меч заиграа дури четворица дебитанти (Марио Младеновски, Тихомир Костадинов, Влатко Стојановски, Даниел Аврамовски).

Македонија по девет кола е на четвртата позиција во групата со 11 бода, а во вторник на домашен терен во Скопје го пречекуваме Израел. Со триумф ќе бидеме четврти, а доколку Полска го победи Словенците тогаш можеме да се надеваме на пласман на третото место на конечната табела.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .