Македонија домаќин на ЕП 2023 во одбојка!

Претседателот на Европската одбојкарска федерација, Александар Боричиќ објави одлични вести за сите љубители на овој спорт во Македонија. Имено, нашата земја ќе биде домаќин на Европското првенство во 2023 година, откако ЦЕВ ја прифати апликацијата на ОФМ.

„Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, кажа Боричиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.