Македонија го декласираше Казахстан – со голема самодоверба патуваме во Букурешт!

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа ќе патува на историското ЕВРО 2020, откако во последниот подготвителен натпревар пред стартот на континенталното натпреварување убедливо славеше против селекцијата на Казахстан на арената „Тодор Проески“ (4-0).

Езгијан Алиоски од белата точка не донесе во водство со голот во 35. минута. На пеналот му претходеше вистинска мајсторија на Елиф Елмас, кој беше срушен во шеснаесетникот на гостите.

Клучен момент на натпреварот беше непромислениот потег на „десетката“ на Казахстанците, Серикжан Мужников кој преостро стартуваше врз Кире Ристевски пред крајот на првиот дел и заслужено доби директен црвен картон.

Гостите не можеа ништо да направат со играч со помалку, па следеше голеада во голот на Сеисен од страна на Тричковски, Ристовски и на Чурлинов.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .