Македонија во финишот стигна до реми против Италија

Подмладената машка ракометна репрезентација на Македонија стигна до реми (26-26) со Италија во вториот пријателски натпревар на турнејата во Турција. Нашите ракометари во финишот постигнаа два гола и така го избегнаа поразот.

Најефикасен во составот на Данило Брестовац беше Мартин Поповски со осум погодоци. Крилниот ракометар беше најзаслужен за ремито, тој го постигна израмнувачкиот погодок од седмерец.

Сега за ракометарите следат два нови пријателски натпревари во Скопјем а противник ќе биде Грузија. За овие дуели во составот на Брестовац ќе се приклучат и поискусните ракометари како Кире Лазаров, Борко Ристовски, Филип Кузмановски и Филип Талески.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .