Македонец на клупата на Партизан?

Словенечкиот тренер со македонско потекло Сашо Филиповски е прв кандидат да го наследи Владо Шчепановиќ на клупата на кошаркарскиот великан Партизан.

Оваа вест прв ја пренесе угледниот „Sport club“ кој од свои извори тврди дека преговорите со бившиот помошник на Душко Вујошевиќ во московска ЦСКА се во тек.

Филиповски последен пат беше шеф на стручниот штаб на Монако во сезоната 2018/19, додека со Олимпија од Љубљана два пати беше првак на Словенија. Исто така работеше во Банвит, Локомотив од Краснодар, италијанска Лотоматика и полската Зиелена Гора.

Сепак, ова е само шпекулација поради лошиот старт на Партизан и Шчепановиќ во новата сезона. Партизан во Еврокупот и во АБА лигата има скор 2-2.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .