Македонец е нов тренер на светски првак во фудбал!

 Убава вест ни стигна од САД. Имено, македонскиот тренер Влатко Андоновски ќе биде нов селектор на актуелниот светски првак во женски фудбал, селекцијата на САД. Досегашниот тренер Џил Елис најави заминува од кормилото на амариканската репрезентација по освојувањето на светската титула на СП 2019, а нашиот Андоновски беше огромен фаворит за нејзин наследник.

Преговорите траеја месец и половина, за на крајот да дојде до договор помеѓу американската фудбалска федерација и Андоновски. Македонецот има работено како прв тренер во два големи клуба во САД.

Во Канзас сити беше од 2013 до 2017 година за овој период освои две титули, а беше дел и од Сиетел од 2018 до 2019 година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .