Лукаку пресреќен: Горд сум што играм за Интер

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку не го криеше задоволството после освојувањето на Скудетото, а Белгиецот истакна и дека ова е неговата најдобра сезона во кариерата.

„Минатата сезона беше добра, но оваа беше најдобра во мојата кариера. Убаво се чувствувам и се надевам дека вака ќе продолжи. Сакам на сите да им се заблагодарам, навистина сум среќен. Среќен сум поради сите навивачи на Интер ширум светот, поради тимот, вработените во клубот, претседателот. Ова е прекрасна сезона и сум горд што играм за Интер“, изјави Лукаку за италијанските медиуми.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .