Шпанија беше сопрена во полуфиналето на ЕВРО 2020 од Италија во синоќешниот епски меч на „Вембли“. Италијанците ја заслужија среќата во пенал – рулетот, поради одличните игри на ЕП, додека Шпанците можат да бидат задоволни од својот настап.
„Фуријата“ дефинитивно има иднина, а еден нивни играч се уште е во центарот на вниманието, поради синоќешниот „ајнштајновски“ меч. Станува збор за 18 – годишниот Педри кој верувале или не во првото полувреме имаше 30/30 точни пасови. И до крајот на регуларниот дел беше 100 процентен (55/55), а првиот промашен пас го имаше дури во 100. минута.
Pedri in 90mins vs. #ITA
— The Athletic UK (@TheAthleticUK) July 6, 2021
Passes: 55/55
Chances created: 2
Carry distance: 266m (most of any #ESP midfielder)
(Stats: @MarkCarey93) #ITAESP #EURO2020 pic.twitter.com/D7JvUELoT9
За неговиот настап не штедеше зборови ниту селекторот Луис Енрике кој изјави дека младиот фудбалер има огромни предиспозиции, а кажа и дека е подобар од легендарниот Андрес Иниеста.
„Да ве прашам. Дали сте виделе некој 18 – годишник да игра така како Педри? Дури ниту дон Андрес Иниеста не играше така. Никогаш не сум видел некој на свои 18 – години да игра толку добро, тоа е надвор од разумот“, воодушевен беше Луис Енрике.