Менаџерот на Дерби каунти, легендарниот Вејн Руни направи огромна глупост на еден од тренинзите на својот клуб. Верувале или не, Руни жестоко стартувал врз својот играч Џејсон Најт и така го испратил во болница.
Несреќниот фудбалер заработил тешка повреда на зглобот и според првичните информации ќе паузира помеѓу два и три месеци, што е огромен удар за и онака слабиот Дерби.
„Џејсон ќе биде во аут 12 недели. За среќа не беше потребна операција, но ќе му треба време за да се опорави. Ова навистина е тежок удар за сите нас, затоа што сите знаак колку тој ни значи“, изјави пред два дена Руни.
Knightmare. Wayne Rooney under further scrutiny after training ground tackle leaves #dcfc midfielder Jason Knight out for up to 12 weeks with ankle injury https://t.co/JDWmzY7yAe
— John Percy (@JPercyTelegraph) July 26, 2021
Сепак, на крајот се испостави дека Руни е одговорен за неговата повреда. Имено, двајцата тргнале кон топката, Руни влегол далеку по жестоко во дуелот и на крајот го повредил репрезентативецот на Ирска.
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, веќе втора година е на клупата на Дерби, а мината сезона победи на само 10 од 36 одиграни натпревари.