Лудило: Ленс Армстронг користел мотор на Тур де Франс!

Поранешниот американски велосипедист, воедно еден од најголемите измамници во историјата на спортот Ленс Армстронг е обвинет дека користел мотор во текот на славниот Тур де Франс.

Ова го потврди поранешниот шеф на Анти – допинг агенцијата на Франција, Жан – Пјер Верди кој тврди дека на престижното натпреварување Армстронг користел мотор.

„Ленс Армстронг е најголем измамник, компромитиран е на секое ниво, а отсекогаш имаше специјален третман. Многумина ми кажаа да не обрнувам внимание на такви приказни… Ги повикав сите специјалисти кои ги познавам, дури и тие не можат да разберат како тој имаше такви перфоманси кои се тешко достижни и со допинг“, изјави Верди.

Потсетуваме, на Армстронг му беа одземени седум титули победник на престижното натпреварување кое го освојуваше од 1998 до 2011 година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .