Филаделфија повторно ја искористи фаворитската улога против Вашингтон Визардс и кошмарната партија на Расел Вестбрук, па поведоа со 2-0 во серијата откако славеа на домашен терен со 120:95!
За жал, во центарот на вниманието не беа потезите на кошаркарите на двата тима, туку инцидентот кој се случи помеѓу Вестбрук и навивачите на Филаделфија.
Имено, одличниот плеј сакаше да се качи на трибините и да влезе во физички дуел со еден навивач на Фила, кој го гаѓал со пуканки.
Ситуацијата се случи кога Вестбрук тргна накај соблекувалната поради повреда, а епилог на случката беше исклучувањето на навивачот на Филаделфија од салата.
fan pours popcorn on Westbrook as he’s being assisted off floor with an injury pic.twitter.com/tGcn4kqRqq
— Rob Perez (@WorldWideWob) May 27, 2021
Инаку, Вестбрук мечот го заврши само со 10 поени, додека Бил имаше 33. На победничката страна најдобри беа Ембид и Симонс кои уфрлија по 22 поени.