Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн ќе го напушти тимот од Лондон летово, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува тимот на Манчестер сити, кој наводно веќе подготвил неверојатна понуда.
Имено, „граѓаните“ за напаѓачот на англиската репрезентација ќе ги понудат Рахим Стерлинг и Габриел Жезус. Двајцата во последниот период не ја добиваат посакуваната минутажа од Пеп Гвардиола, па останува да видиме дали ќе се сложат за ваков трансфер.