Луда победа на Каљари: Губеа со два разлика, победија во последната секунда и застанаа на 4. позиција во Серија А! (ВИДЕО)

Големи возбудувања ни приредија Каљари и Сампдорија на „Сардења арената“. Домаќините после голем пресврт сигнаа до победата. Самдорија водеше и со 1-3, но на крајот дома во Џенова си замина поразена (4-3). Од овие седум голови дури шест паднаа во вториот дел.

Сампдорија поведе преку Фабио Кваљарела во 38. минута со гол од пенал. На почеток на вториот дел гостите го зголемија водството преку Гастон Рамирез. И тука почна Каљари да се буди и нападна.

Раџа Наинголан со една бомба од далечина го намали водството на гостите во 69. минута (1-2). Само една минута подоцна, повторно Кваљарела постигнува погодок, а Самдорија повторно има двојна разлика.

Тука на сцена стапи најдобриот стрелец на Каљари, Жоао Педро кој во 74. и 76. Минута изрманува на 3-3. Кога сите мислеа дека мечот ќе заврши нерешно, младиот Алверто Чери постигна гол во 96. минута за голема победа на Каљари и четврто место во Серија А.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .