Лоши вести за Конте пред мечевите против Рома и Барса

Интер минатиот викенд на домашен терен славеше против Спал (2-1) и по киксот на Јувентус го превзеде првото место во Серија А. Сепак, тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте доби лоши вести.

Имено, Роберто Гаљардини заработи повреда на овој меч и мораше во 79. минута да го напушти натпреварот. Клубот од „Џузепе Меаца“ потврди дека поради повредата на стапалото тој одреден период ќе биде надвор од терените.

Конте сезонава неколку пати се жалеше дека има мал фонд на играчи, а капак на се беа повредите на Барела, Санчез, Сензи и сега Гаљардини. Ова се големи проблеми за клубот од Милано кој во петок игра против Рома во Серија А, а потоа го чека многу важен меч против Барселона во ЛШ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .