Лоши вести за Конте: Барела мора на операција!

Интер синоќа лесно стигна до трите бодови на гостувањето кај Торино (0-3) и ја продолжи одличната игра во Серија А. Сепак, тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте има причини за загриженост. Еден од најдобрите играчи сезонава Николо Барела во самата завршница заработи повреда.

Фудбалерот од средниот ред го повредил коленото, а денеска Конте дозна дека Барела ќе мора да оди на операција. Неговото враќање се учекува да биде во јануари следната година. Оваа сезона 22- годишниот фудбалер запиша 17 настапи на кој постигна 2 погодоци и запиша три асистенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .