Лоши вести за Атлетико: Коста опериран – го очекува голема пауза

На проблематичниот напаѓач Диего Коста пред неколку дена му беше дијагностицирана дискус хернија, а поради болките некое време не можеше да тренира, па поради тоа операцијата беше неизбежна.

Коста денеска беше опериран, а според соопштението на клубот зафатот прошол во најдобар ред. Сега следува рахабилитациониот период кој според последните информации ќе трае три месеци.

Ова ќе биде голем проблем за „јоганџиите“ кои дури 13 натпревари нема да можат да сметаат на него. 31- годишниот фудбалер сезонава не игра во најдобра форма, а на 11 мечеви успеа да забие само два погодоци.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .