Лопез ја „закуца“ Атланта: Бакси на победа до големото финале! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки Бакс и без својата првата ѕвезда Јанис Антетокумпо успеаа да ја задржат предноста од домашен терен и со 123:112 ја совлаа Атланта, која исто така играше без првата звезда Треј Јанг, и поведоа со 3-2 во финалната серија на Источната конеференција од НБА лигата.

Во Атланта не очекуваа дека тешкиот центар Брук Лопез ќе ја одигра една од најдобрите партии во кариерата, секако и најважна. Лопез уфрли дури 33 поени, фати и седум скокови, додека Крис Мидлтон додаде 26 поени, фати 13 скокови и подели осум асистенции. Кај Атланта најдобар беше Богдан Богдановиќ со 28 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .