Липи: Само Интер може да го сопре Јувентус

Легендарниот тренер Марчело Липи во изјава за италијанските медиуми кажа дека само Интер може да ја сопре доминацијата на Јувентус во Серија А. Тој во минатото беше тренер на двата клуба.

„Борбата за првата позиција е многу интересна. На почетокот три тима беа фаворити за Скудетото, но Наполи по серијата лоши резултати мислам дека нема шанси за титулата. Сега останува само Интер да го сопре Јувентус. Иако Јуве не игра добро сепак, стигнува до победите“, кажа Липи.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .