Лидс ја врати Вила во реалноста! (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски и Лидс јунајтед и го нанесоа првиот пораз на Астон вила во Премиер лигата. Избраниците на Марсело Биелса со убедливи 0-3 го прекинаа феноменалниот старт на клубот од Бирмингем кој имаше перфектни четири од четири во елитната англиска лига.

Апсолутен херој на клубот од „Еланд роуд“ беше Патрик Бамфорд. Англискиот напаѓач постигна хет – трик за 20 минути и така го реши натпреварот. Македонскиот репрезентативец Алиоски ги одигра сите 90. минути и беше еден од подобрите на теренот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .