Лидс се збогува од Алиоски: Никогаш нема да го заборавиме моментот кога потпиша за нас!

Готово е! Заврши четиригодишната авантура на Езгијан Алиоски во редовите на Лидс јунајтед, соопшти клубот од Јоркшир.

Лидс имаше голема желба да го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец, меѓутоа Алиоски по се изгледа одлучи да ја продолжи кариерата надвор од Островот.

Спортскиот директор на англискиот премиерлига, Виктор Орта му се заблагодари на специјален начин му се заблагодари на Алиоски за соработката.

„Знаев дека Џани ќе биде специјален лик од моментот кога влезе во клупската зграда. Емоциите на неговото лице, лицата на неговите родители кога го потпишуваше договорот, знаев дека тој ќе даде се од себе носејќи го овој дрес. И покрај се, тој ги надмина моите очекувања. Тој беше врвен професионалец на теренот и надвор од него, сигурно ќе им недостига на соиграчите, благодарни сме му за се што стори за Лидс и му посакуваме многу среќа во иднина“, изјави Орта.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.