Ливерпул ќе го реновира „Енфилд“?

Англискиот гигант Ливерпул планира да го прошири капацитетот на својот култен стадион „Енфилд“. Домот на „црвените“ ќе биде реновиран, а капацитетот приширен на 61.000 седишта. Моменталниот капацитет изнесува нешто повеќе од 54.000. Се уште не е познато кога ќе почне да се реновира, затоа што не се извадени дозволите.

„Изградбата нема да биде започната ако има премногу жалби од становниците на подрачјето околу стадионот. Нормално, заедницата и станарите ќе бидат консултирани“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .