Многу познати имиња на листата на Јирген Клоп за нови засилувања на Ливерпул

Ливерпул и Јирген Клоп не седат со скрстени раце во текот на овој летен преоден рок. Имено клубот од „Енфилд“ посакува и тоа како осетно да се засили, поточно да создаде или направи вистински дрим – тим. И така да ги врати титулите во Премиерлигата и во Лигата на Шампионите.

Утре доаѓаат менаџерите на Саул Нигез од Атлетико Мадрид на завршни преговори. Се очекува за 35-40 милиони евра, трансферот да се реализира.

Втора желба е Мануел Локатели, репрезентативецот на Италија. За членот на Сасуоло, заинтересиран е и Јувентус, кој по се изгледа ќе победи во оваа трка.

На листата на желбите е Франк Кеси од Милан. Тој има понуда од 115.000 фунти неделна плата, нешто што Кеси нема шанса да го добие на „Сан Сиро“.

Ливерпул не крие дека го посакува и Душан Влаховиќ. Србинот од Фиорентина просто ја „запали“ Европа во последно време, а се споменува и Ренато Санчез, некогашното чудо од дете од Португалија.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .