Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до важна победа во големото дерби против Манчестер јунајтед кој со пресврт го совладаа на „Олд трафорд“ (2-4).
Со оваа победа „црвените“ се вратија во игра за четвртото место кое води во Лигата на шампионите, а сега клубот од „Енфилд“ има четири бодови помалку од Челси, кој ја држи оваа позиција, но и натпревар помалку, кој ако го добијат ќе имаат само негатива од еден бод.
Што се однесува до натпреварот, апсолутен херој беше помалку заборавениот Роберто Фирмињо кој вечерва постигна два погодоци, а во листата на стрелците се запишаа Диего Жота и Салах, додека за Јунајтед погодоија Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд.