Ливерпул не научи НИШТО од „случајот Вајналдум“: Си играат со Хендерсон далеку се потпишување нов договор!

Цела година изгубија челниците на Ливерпул во убедувањето на Жорњжињо Вајнладум да го продолжи договорот. Не успеаа во тоа, капитенот на Холандија се пресели во Париз во редовите на ПСЖ, а сега може да го изгубат и Џордан Хендерсон!

Според британските медиуми, преговорите помеѓу „црвените“ и искусниот фудбалер не се движат во добар смер и ако се суди според денешниот ден, мали се шансите да завршат – успешно.

Се уште не е познато каде настанал проблемот, меѓутоа сите потврдуваат дека ситуацијата не е идеална. Сепак, Ливерпул има време да ја среди работата, затоа што договорот на англискиот репрезентативец истекува летото 2023 година.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.