Реал Мадрид беше поуспешен во вечерашната фудбалска класика на стадионот „Алфредо ди Стефано“ каде во четвртфиналето на Лигата на шампионите го совлада Ливерпул со комотни 3-1 пред реваншот на „Енфилд“, следната недела.
Избраниците на Јирген Клоп не можеа да се справат со фантастичниот 20 – годишен Бразилец, Винициус Жуниор кој со два погодоци беше „man of the match“. Алисон беше матиран и од Асенсио, кој ја искористи грешката на Арнолд. Погодокот за надеж на Ливерпул го постигна Салах.