Ливерпул конечно објави информации за повредата на Ван Дајк: „Црвените“ кријат колку ќе отсуствува!

Англискиот првак Ливерпул со соопштение до јавноста ја потврди сериозноста на повредата на најдобриот дефанзивец во екипата, Вирџил Ван Дајк, кој имаше незгоден судар со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

„Црвените“ потврдија дека Холанѓанецот го повредил коленото, но не сакаа да откријат колку време ќе отсуствува робусниот дефанзивец.

Ова може да биде голем удар за амбициите на Ливерпул. Медиумите од Островот пишуваат дека Ван Дајк сигурно ќе отсуствува неколку месеци, а некој одат дотаму и твдат дека 7-8 месеци ќе биде во аут.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .