Ливерпул запнал да стигне до титулата во Премиерлигата: „Црвените“ победија на тешкото гостување на „Селхурст парк“ (ВИДЕО)

Ливерпул продолжува со одличната игра во Премиерлигата. „Црвените“ стигнаа до четвртата победа во низа, откако на тешко гостување го совладаа Кристал палас на „Селхурст парк“ (1-2). Првиот дел заврши без голови, додека второто полувреме беше далеку повозбудливо.

Веднаш на стартот на вториот дел Ливерпул поведе преку среќниот погодок на Садио Мане. Сепак, Крситал палас не се откажа и во 82. минута најдобриот фудбалер на домаќините Вилфред Заха израмни. На вакви натрпевари се станува првак, а Ливерпул докажа дека е подготвен за титулата со погодокот на Роберто Фирмино стигна до победата и ја задржа бодовната предност пред Сити.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .