Лејкерси не застануваат: Крис Пол нова цел на „езерџиите“!

Една од најголемите франшизи во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс по една деценија повторно стигна до шампионската титула во најсилната кошаркарска лига.

Сепак, ова не е крајниот дострел за клубот од „Градот на ангелите“ кои планираат тотална доминација во следните години.

Сега според информациите на американските медиуми, „езерџиите“ биле заинтересирани во своите редови да го донесат еден од најдобрите плејмејкери во лигата – Крис Пол.

Пол минатата сезона направи одличен резултат со Оклахома каде имаше просек од 18,5 поени и 9,5 асистенции по натпревар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .