Летаат „бомби“ во АБА: Будуќност ангажираше СТРАШНО засилување!

Поранешниот кошаркар на Олимпија од Милано и долгогодишен српски репрезентативец, Владимир Мицов е новото засилување на Будуќност од Подгорица, со која потпиша едногодишен договор, а трансферот го потврди и клубот на официјалниот сајт.

Традиционално, трансферот го откри најмоќниот кошаркарски менаџер на овие простори, Мишко Ражњатовиќ.

Мицов последните четири години ги помина во редовите на Милано каде слободно може да се каже стана една од легендите на клубот. После заминувањето беше поврзуван со трансфер во Партизан, а и тој самиот изјави дека не би имал ништо против да потпише за клубот од Белград.

Сепак, по се изгледа Жељко Обрадовиќ не го планирал во ростерот за следната сезона, па Мицов одлучи да се врати во Подгорица.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.