Лестер убедлив против Лидс, Алиоски доби десетина минути (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од седмото коло од англиската Премиер лига, Лестер забележа убедлива победа на гостувањето на „Еланд роуд“ кај секогаш незгодниот Лидс јунајтед (1-4).

„Лисиците“ одлично влегоа во натпреварот. Во 21. Минута веќе имаа водство од 0-2 со головите на Харви Барнс и Јури Тилеманс. Очигледно влијаеа советите од Марсело Биелса на полувремето, па клубот од Јоркшир со голот на Стујарт Даглас во 51. минута намали на 1-2.

Меѓутоа, тоа беше и се што направија. Гостите го зголемија водството преку Варди, а Тилеманс со вториот погодок на натпреварот стави точка на.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во игра влезе во 81. минута. Лестер сега е втор со 15 бодови, еден помалку од лидерот Ливерпул, додека Лидс е на 12. позиција.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .